Радио Милева Сезона на разводи

По Драгана Мирковиќ и Харис Џиновиќ сега после 25 години брак се разведува и Џенан Лончаревиќ

По Драгана Мирковиќ и Харис Џиновиќ сега после 25 години брак се разведува и Џенан Лончаревиќ

Познатиот пејач Џенан Лончаревиќ по 25 години брак се разведува од сопругата Самира, која славниот пејач никогаш не ја покажа во јавноста откако е на јавната сцена, официјално во 2006 година.

Џенан од почетокот на кариерата ја криел неа и нивните деца од јавноста и медиумите, па до ден денес не се знаело името на жената со која бил во брак.

Сега Самира се огласи ексклузивно за Pink.rs и зборуваше за разводот со пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dženan Lončarević (@dzenan)

-Точно е дека се разведуваме. Сè што следи ќе одлучи судот. Засега првото рочиште не е закажано. Не можам однапред да зборувам за исходот, бидејќи 25 години заеднички живот не се малку, а имаме и две деца. Но, за жал, во денешно време не сме ниту први ниту последни на кои ова им се случува, изјави Самира за Pink.rs.

Џенан дури ја замолил Самира да го „забрза процесот“ кога поднел барање за развод. Извор близок до Лончаревиќ тврди дека пејачот последниве месеци бил прилично непријатен кон својата, сè уште, законска сопруга.

фото:Instagram printscreen/ dzenan

To top