Водителката Марија Килибарда е во блажена состојба, а со партнерот Бане Вучелиќ очекува мала наследничка.
Марија за локалните медиуми открила како се чувствува во благословена состојба.
– Ова што ни се случува е најголемиот благослов во животот. Секој ден си ја штипкам надлактицата за да се уверам дека тоа не е сон! Се чувствуваме одлично, нашето девојче и јас. Ние сме на половина пат од бременоста. Само нека остане се вака до крај. Добивам грст љубов, поддршка и честитки, а тоа ми го исполнува срцето со благодарност – изјави Марија Килибарда за Уна.
Килибарда е во петтиот месец од бременоста и се чувствува одлично.
Мајката на Бане Вучелиќ, актерката Љиљана Драгутиновиќ, по тој повод проговори за „Блиц.рс“ и ја потврди оваа радосна вест.
– Да тоа е точно. Се криевме колку што можевме затоа што е јавна личност,но ова е добра вест за нашето семејство – изјавила Љиљана.
Познатата српска водителка која има 43 години е пресреќна што по долга борба за потомство со избраникот, остана бремена.
фото:Instagram printscreen/ kilimara