Радио Милева за жал и тие

По 13 години брак се разведува еден од најскладните холивудски парови: „Тоа е веќе завршена работа, фали само потпис“

По 13 години брак се разведува еден од најскладните холивудски парови: „Тоа е веќе завршена работа, фали само потпис“

Американскиот пејач и актер Џастин Тимберлејк се разведува од актерката Џесика Бил, објавија американските медиуми, а според изворите, тие веќе некое време не живеат заедно.

Голема улога во одлуката за разделба одиграло неговото апсење, за кое тој изјави дека ја изневерил.

„Џастин и Џесика не се заедно со месеци, откако тој беше уапсен за возење во пијана состојба. Таа едноставно е презаситена од него и со месеци живее одвоени животи“, изјави извор за „Радар“.

Покрај тоа, нивниот однос беше нарушен откако Бритни Спирс ги објави своите мемоари „Жената во мене“, во кои, меѓу другото, изјави дека тој ја принудил да абортира.

„Сите од јавниот свет го знаат ова, тие наскоро ќе поднесат документи за развод. Тоа е најлошо чуваната тајна во шоубизнисот и никој во Холивуд нема да биде изненаден од ова. Тоа е веќе стара вест“, додаде тој.

Бил чека тој да одржи концерти во Европа како дел од неговата турнеја „Forget Tomorrow“ пред јавно да го потврди нивниот развод.

„Џесика само сака да ги официјализира работите и да напише изјава за да нагласи дека се разделиле пријателски и дека сè било взаемно, иако таа беше таа што ја донесе конечната одлука“, откри тој.

Парот се венчаше во 2012 година во Италија.

фото:Instagram printscreen/jessicabiel

To top