Лице в лице

Петар Георгиевски – Камиказа во „Ништо лично“: „Пет години играв улоги со Раде Шербеџија во Суботица, а кога се вратив во Скопје овие овде за да ме примат во театар ме тераа две години да сум статирал!“ (ВИДЕО)

Петар Георгиевски – Камиказа во „Ништо лично“: „Пет години играв улоги со Раде Шербеџија во Суботица, а кога се вратив во Скопје овие овде за да ме примат во театар ме тераа две години да сум статирал!“ (ВИДЕО)

По едукација дипломиран актер, по определување пасиониран  рокер. Член на мноштво македонски рок групи од кои оваа последната – „Меморија“ ја испиша македонската музичка историја и се’ уште не престанува тоа да го прави.

Македонските театарски институции случајно или намерно никогаш не го препознаа неговиот актерски потенцијал, за разлика од великиот југословенски  режисерски маг Љубиша Ристиќ и неговиот театар во Суботица,  во кој тој  ќе игра со некои од најголемите бардови на тогашното југословенско глумиште. Бил еден од запазените ТВ ликови и во некои од најзначајните ТВ серии и ТВ драми на тогашното ТВ Скопје и сегашната МРТ.

Покрај големите музички поп-рок  хитови и антологиските балади кои ги создал со својот бенд,  ја напишал и музиката за некои од најпознатите ТВ серии како и мноштво парчиња музика за дузина театарски престави, џинглови, реклами…

Како музички уредник во Музичко касетната продукција  на МРТ заслужен за првите дискографски изданија на некои од денес легендарните македонски изведувачи и групи, но и најзначајните музички изданија на македонски фолк легенди за зачувување на носачи на звук на богатиот изворен  македонски мелос.

Покрај уметноста спортот му е второто име вткаено во неговиот  лик и идентитет. Во раната младост талентиран гимнастичар кога и го добива прекарот по кој  сите го знаат до ден денес, во зрели години  маратонец  кој со успех ги трчал најпознатите светски маратони. Пасиониран моторџија уште од раната младост, велосипедист во годините на зрелост…

Сопственик на продукциската куќа подготвена да ги организира, озвучи и осветли  и најкомплицираните и најзахтевни концерти, фестивали, манифестации и останати ивенти од најразлична природа.

На минатите локални избори накратко „влета“ во политиката и тоа сам, без партиска машинерија и нејзината поддршка зад себе,  па на  многумина кои професинално се занимаваат со неа серизоно им ја „стресе фотелјата“… Колку за да покаже дека ако реши, може да им „украде“ сериозен дел од политичкиот колач!

За „Меморија“, концертот што се прави еднаш во животот и музичката кариера, заактерството и театарот во кој овде никогаш не заигра оти две години го терале да статира, а тој пет години претходно беше дел од оној на Љубиша Ристиќ во Суботица, во кој играше со најголемите бардови на југословенското глумиште од Кривокапиќ до Шербеџија, за титулите и медалите, згодите и незгодите во еден грст спортови со кои се занимавал во животот, за вистината како го добил прекарот Камиказа кој ќе му го обележи животот, за двете скршени ребра како гимнастичар, превртувањето на СП на Матка како кајакар, „давењето“ во базен како пливач  на училишен натпревар, за страста од дете кон моторите и одбивноста кон велосипедот од кој денес не се симнува, за маратоните кои почнал да ги трча кога сите други во овој спорт се пензионираат, за политиката и влезот во трката за скопски градоначалник за инает на тогашниот градоначалник Шилегов…

Или како и самиот што ќе каже: „Сето она што не го посакувал и не му паѓало ни накрај памет, му се случило, за потоа со страст да ужива во истото и да не може без него“!

И сето ова од муабетот со Петар Георгиевски Камиказа кој беше на гости кај Антонио Димитриевски во интер ток шоуто „Ништо лично“.

Ако сте ја гледале премиерата која оди секоја СРЕДА, во 20 часот на  YouTube каналот наКурирМК (, овој поткаст сигурно ќе го гледате барем уште еднаш, но доколку сте ја пропуштиле, погледнете го интер ток шоуто кое ви ја открива онаа другата, помалку позната страна на личноста на Перо – Камиказа!

 

To top