Кога човек ќе стапне на лудиот камен велат е убаво, иако и самиот понекогаш не е свесен дека животот комплетно му се менува од корен. Кога ќе дојде првото дете, нема посреќен од тоа дека се остварил како родител… Ако Бог даде и втро, трето… уште поубаво! Но, само оние кои ќе си дочекаат во животот барем едно внуче, велат дека е дури тоа чувство, таа радост и среќа се неописиви. Да станеш баба или дедо е злато вредно!
Токму тоа чувство на беспрекорна радост и неописива среќа го обзема лидерот на легендарната македонска поп-рок група „Меморија“, музичарот и актер Петар Георгиевски – Камиказа. Перо, за прв пат стана дедо, откако неговиот син Кристијан и неговата снашка Мариа за прв пат се остварија како родители.
Имено, „штркот слета и во нивното семејно гнездо“ и на свет дојде малечката принцеза која го доби името Нина.
„И конечно, официјално дедо Петре. Нина дојде на овој свет денес, да ни го направи животот бајка. Радости еден тон. Сите да си дочекате да даде Бог“ – сподели пресреќниот дедо Перо – Камиказа, покрај една од заедничките семејни фотографии направена на свадата на неговиот син и снаа, пред неколку години.
„Вашата куќа постана вистински дворец на среќа и љубов, зашто во него пристигна една мала преубава принцеза… Секој ден од животот нека ви го исполни со радост“ – пишува во една од многубројните честитки кои постојано пристигнуваат, а телефоните не престануваат да ѕвонат.
Епа, малечка принцезо Нина, добредојде! Биди жива и здрава, среќна и вековита!
Фото: Фејсбук/Petar Georgievski – Kamikaza