Радио Милева на плажа

Пејачката откри како изгледа без костимот: Џехва ја покажа својата природна верзија без трошка шминка (фото)

Пејачката откри како изгледа без костимот: Џехва ја покажа својата природна верзија без трошка шминка (фото)

Теодора Џехверовиќ летото го минува работно, како и повеќето нејзини колешки.

Џехва ги полни клубовите на брегот, но преку ден успева да оди на плажа и да ги почести своите следбеници на Инстаграм со жешко издание во бикини.

Младата пејачка овој пат реши да покаже како изгледа без шминка, бидејќи поради природата на работата ретко ја гледаме во ова издание.

– Јас без 1 килограм пудра, шишките на Милан, 400 грама коса и костимот на Пауер Ренџер – се пошегува Теодора за себе.

На видеото кое го објави се гледа дека не и се потребни сите овие реквизити за да изгледа убаво.

Да потсетиме, Теодора Џехверовиќ, иако тоа се уште јавно не го признала, веќе речиси една година ужива во љубовта со Матиц Ребек. Пејачката и кошаркарот никогаш не објавиле заедничка фотографија, но судејќи по социјалните мрежи летото го поминаа заедно.

фото: printscreen/instgaram

 

 

To top