Радио Милева долга состојба на радост...

Пејачката одлично плива во фолк водите, ама затоа во животот… Кој и ја гризна крофничката на Ирена Спасовска? (ФОТО)

Пејачката одлично плива во фолк водите, ама затоа во животот… Кој и ја гризна крофничката на Ирена Спасовска? (ФОТО)

Македонската фолкерка Ирена Спасовска има исполнета летна агенда. Барем кога е нејзината работа во прашање, односно пеењето.

На пејачката настапи не и недостасуваат, а во она малку слободно време што ќе и остане престојот на вода не може и не смее да изостане. Било да е море или езеро, распеаната русокоса знае како се ужива… на и покрај вода!

Годинава не е тоа ниту Катар, ниту Египет, а Бога ми ни Белград на вода, туку  блескавиот македонски туристички бисер – Охрид!

Ирена Спасовска е пејачка со супер глас и променлив стас, кој последниве години го доведе во многу подобра форма отколку на почетокот на кариерата. Фолк изведувачка која со децении успешно опстојува на естрадата и одлично плива во фолк водите и во квартет, во дует, а и соло… Секако!

Ама затоа во животот…? Но, ако помисливте дека е сама, сте се излажале. Ниту била, ниту е, особено не, кога е на одмор.

Имено, пејачката не се одвојува од нејзината љубов на четири нозе, нејзината најверна другарка и домашна миленичка Луна, која Ирена и овој пат ја поведе со себе. Кучињата може не се сончаат, ама затоа и тоа одлично пливаат!

Само што за разлика од нејзината газдарица, белата влакнеста убавица и тоа како добро плива… без гума!

А Ирена, не дека ќе потоне, ама сепак… За секој случај, гума си е гума. Ако не ја ставиш додека уживаш, потоа може да биде фатално…

Или барем крајно непријатно, зашто кога не си заштитен со гума само миг невнимние или опуштање може да ти ја наруши среќата… Или како што самата Ирена ја нарекува, долгата состојба на радост!

До душа, како што самата кажува, пред три години едно момче на Ирена и го спасило животот со тоа што… Си нашол друга! Оттогаш пејачката не се одвојува од гумата.

Затоа тука е крофничката… До душа оваа малку гризната, ама сепак… врши работа! Иако штом и ја видат, сите се прашуваат: „Кој и ја гризна крофничката на Ирена Спасовска“?

Фото: Инстаграм/spasovska.irena

 

 

 

To top