Како што неодамна објави „Стар“, Тања Савиќ тајно се омажила за својот избраник Мухамед Бешиќ. Пејачката не ја потврди оваа вест, но ниту ја демантираше, а единствено е сигурно дека во љубовта со Муки цветаат рози.
Од друга страна, Тања Савиќ сподели добра вест. Имено, таа денеска го прославува својот 39-ти роденден во друштво на семејството и нејзините сакани синови.
Картичката што и ја направи синот и го стопи срцето, а таа не можеше да одолее да сподели со јавноста колку е сакана.
– Среќен роденден Мамо! Ти посакувам многу среќа, љубов, здравје, да си жива и здрава за нас – и напиша Максим на својата мајка.
Тања Савиќ сподели убава вест, сакана е, среќна и исполнета, а што повеќе да посака една жена и мајка кога ќе ги дува свеќичките на роденденската торта.
фото:Instagram printscreen/ tanja_savic_private