Радио Милева метаморфоза по потреба

Пејачката на групата „Република“ е како од бајка: Јована кога треба е Пепелашка, кога сака е секси принцеза (ФОТО)

Пејачката на групата „Република“ е како од бајка: Јована кога треба е Пепелашка, кога сака е секси принцеза (ФОТО)

<Атрактивната пејачка Јована Зличиќ се пошегува со колегите од нејзината група „Република“ откако објави видео како таа работи додека тие седат, јадат, пијат и уживаат…

А Јована, како да е Пепелашка, па го гланцаше плексигласот на кој е испишано името на бендот, кој секогаш им стои на сцената како реклама.


И навистина Јована е како од бајка… Кога треба е Пепелашка, ама затоа кога сака е секси принцеза.

Дека е тоа така го потврди со последните споделени фотографии од Италија, поточно Сицилија каде летово пејачката замина да одмара!

Во секси бикини со леопардов принт и  торба за на плажа со истиот дезен, Јована изглед како дива мачка на брегот во секој нов ден.

Распослана на карпите со поглед кон далечните сини длабочини, пејачката гордо ги истакнала своите раскошнни облини.

И однапред и одзади, од извајаната заоблена задница до градниот кош, Јована несомнено поседува завиден телесен раскош.

Фото: Инстаграм/republika_bend_official/jovana_zlicic

 
To top