Британската пејачка Шер Лојд доживеала сообраќајна несреќа со децата откако и откажале сопирачките на автомобилот.
Оваа ситуација пејачката ја објави на социјалните мрежи и испрати предупредување до своите следбеници.
Во моментот на несреќата со неа во автомобилот биле и нејзината петгодишна и осуммесечна ќерка.
Таа се огласи на својот Инстаграм профил каде објави фотографија од сообраќајната несреќа и објасни што точно се случило.
– Ова е мојот Форд Ренџер. Целосно ми откажаа сопирачките без предупредување додека ги возев моето бебе и 5-годишната ќерка бебе. Се случи тотален дефект на моторот поради влажен ремен. Секој кој поседува или размислува да купи, внимавајте!
View this post on Instagram
Ги бројам моите среќни ѕвезди што моето семејство преживеа. Ова e прекрасно возило, сепак замина во пензија многу пред своето време – напиша пејачката на социјалните мрежи.
фото:Instagram printscreen/