Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот и да бидете поиздржливи во кревет, тогаш еден напиток може особено да ви помогне, тврдат паровите.
Имено, станува збор за топлото чоколадо. Чоколадото содржи фенилетиламин и серотонин коишто го подобруваат расположението, но исто така делуваат и како сексуален стимуланс.
Чоколадото содржи и аминокиселина позната како Л-аргинин којашто го зголемува чувството на сензација, т.е. физичко возбудување. Исто така тој го насочува кислородот во ерогените зони со што се зголемува чувството на допир.
Страницата за запознавање „Illicit Encounters“ спровела истражување во кое учествувале 2000 возрасни луѓе.
Во резултатите било наведено дека 19 отсто од оние кои консумирале топло чоколадо пред сексот биле навистина позадоволени.
Овој податок е изненадувачки со оглед на фактот дека чоколадото делува како афродизијак.
Пијалаци коишто многу од паровите исто така ги консумираат пред водењето љубов се: англиски чај, алкохол, топло млеко, чај од нане, чај од камилица, кафе, вода…
извор:точка
фото:Freepik