Радио Милева комплетна

Парис Хилтон со месеци ја криеше наследничката, но најпосле ја претстави Лондон пред очите на светот (фото)

Парис Хилтон со месеци ја криеше наследничката, но најпосле ја претстави Лондон пред очите на светот (фото)

На Парис Хилтон, една од најбогатите жени на планетата земја, со години и недостасуваше нешто за да има се’ на светот. Тоа не е приватен остров, половина Холивуд или некоја мала земја што, не се сомневаме, би можела да ја купи. Во нејзиниот случај тоа е „сè“ – деца.

Никој не беше посреќна од наследничката на синџир луксузни хотели кога стана мајка, двапати, минатата година. Парис (43) и нејзиниот сопруг Картер Реум својата најголема желба ја остварија со помош на сурогат мајка, што се случи на почетокот на 2023 година, кога во најстрога тајност во семејството пристигна момчето по име Феникс.

Потоа, во ноември, таа откри дека добиле девојче наречено по еден од нивните омилени градови. Со месеци ја криеше својата ќерка од светот, а сега, половина година подоцна, дојде време да ни ја претстави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

„Запознајте го Лондон Мерилин Хилтон Реум“. Од кога се сеќавам, сонував да имам ќерка која ќе се вика токму вака. Секој час што го поминувам со неа е благословен“, напиша Парис со албумот со трогателни фотографии со ќерката, синот и сопругот, кои заработија повеќе од милион лајкови за помалку од 24 часа.

„Лондон и Феникс, бебиња ангели, ми покажаа љубов за која никогаш не знаев дека постои пред да станам нивна мајка“.

Ова е, додаде таа, совршен момент за објавување на нова песна. Станува збор за дуетот „Fame Won’t Love You“, кој го сними со поп-ѕвездата Сиа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

„Песната опишува како помина патувањето, за време на кое сфатив што е најважно во мојот живот, а тоа е моето семејство. Благодарение на нив станав она што сум денес, жената која отсекогаш сакав да бидам. Бескрајно сум благодарна. Им велам на моите бебиња – секогаш ќе ве сакам и ќе бидам со вас“.

фото:Instagram printscreen/ parishilton

To top