Живот и стил

Памук колач: Со три состојки направете превкусен десерт

Памук колач: Со три состојки направете превкусен десерт

Потребно е:

3 јајца
120 грама бело чоколадо
120 грама крем сирење (намаз од сирење)

Подготовка:

Чоколадото се става да се растопи на пареа. Одделете ги жолчките и белките и изматете ги белките додека не се стегнат. Кога чоколадото ќе се растопи, измешајте ги крем сирењето и
жолчките, па полека додадете ги изматените белки.

Истурете ја смесата во калап и печете на 170 степени 15 минути. По 15 минути намалете ја температурата на 150 степени и печете го колачот уште 15 минути.

По 30 минути печење, исклучете ја рерната и оставете го колачот да се пече на постоечката температура уште 15 минути. Изладете го колачот и посипете го со шеќер во прав.

Извор:

To top