Финалната вечер на националниот избор за Miss World Serbia 2026 се одржа синоќа, 8 февруари, во салата на МТС.

Србија доби нова мисица која ќе ја претставува земјата во мај на светскиот избор – Miss World 2026.

Победата ја однесе Симона Манојовиќ, која ги шармираше сите со својата убавина и харизма. Минатогодишната мисица Александра Рутовиќ ѝ ја предаде дијадемата.

Инаку, Симона Манојловиќ има 21 година и живее во Нови Сад, а по потекло е од Равно Село во близина на Врбас.

Се школувала како поморски техничар, а моментално е фокусирана на манекенството. Нејзините хобија се патувања, театарот и школа за глума, пишува Телеграф.
Фото: grand.nova.rs







