Македонската „Гранд“ и „IDJShow“ ѕвезда каде и да е, очигледно умее да го сврти на себе вниманието на околината. Па така Љупка Арсовска константно продолжува да ја дразни јавноста со нова тура предизвикувачки фотографии и видеа. Само што ова дразнење е содржајно, зашто покажува колку е пејачката возбудлива во секоја можна прилика.

Овој пат облечена во тесно припиен комбинезон кој пука на неа и ја отцртува секоја нејзина облина, распеаната убавица изгледа како расна тигрица.

Со крената нога на столчето и заводлив поглед кој маѓепсува и предизвикува, Љупка плени со телесен раскош што мами воздишки, буди желби, копнежи и страсти.

Како естрадна личност која постојано е под лупа на јавноста, атрактивната пејачка мора да се сочи со реалноста дека совршена линија и впечатлив изглед мора да се негуваат и одржуваат секој ден. Особено кога станува збор за нејзиниот, како што таа самата умее да го нарече, „главен адут“ – нејзиниот извајан задник кој за машките очи е вистински празник.

За тоа колку труд и дисциплина стојат зад нејзиниот изглед , зборуваат споделените фотки и видеа на кои се гледа како Љупка редовно тренира. Теретаната е нејзиниот втор дом каде штом Љупка почне да вежба, машките погледи само неа „ја гаѓаат“, а возбудата е толку голема, што теговите мора да ги остават, зашто од раце, сами им паѓаат.

Особено додека расната убавица во розово-леопардови хеланки цврсто ја држи справата со своите дланки, погледот на неа одзади е толку многу неодоливо возбудлив и привлечен, што дури и персоналниот тренер од кадарот кој дразни, се нашол затечен!
Се’ на се’ оваа наша распеана убавица е дефинитивно расна тигрица… И кога позира и додека вежба, Љупка Арсовска е секси до коска и возбудлива до болка!
Фото и видео: Инстаграм/arsovskaljupka






