Охрид ова лето ќе го памти по многу нешта. Туристичката сезона ги надмина очекувањата, па градот е преплавен со летувачи од сите страни., најмногу домашни туристи и оние од блиското северно соседство, но и странци од Западна Европа.
А кога имате наплив на народ, имате и поплава од ѓубре. Барем кај нас е така, зашто структурата на гостите воглавном е тинејџерска, а културните навики небаре истите дома живеат на депонија.
Впрочем, сликите во раните утрински часови најдобро говорат за културните навики на гладните и жедни туристи, кои штом осамне зад себе оставаат тони ѓубре и отпад каде што ќе стигнат.
Добро, можеби е точно и дека нема доволно места и корпи за отпад, за одложување на кесите, хартиите, картоните и салфетките од пиците на парче и хамбургерите, од сендвичите и крофните, за лименките и пластичните и стаклени шишиња, ама тоа не значи дека треба да се однесуваме како да сме во кочина, оставајќи зад себе каде ќе стигнеме ѓубре во енормна количина!
Или како што велат комуналците, периодов во Охрид штом зазори собираат и пои шест пати повеќе ѓубре од вообичаеното.
Се јаде и пие, ама и се фрлаат отпадоци кај се стигне. Така улиците и тротоарите, пристаништето и шеталиштето, па дури и парковите и останатите зелени тревнати површини, рано наутро личат на депонии.
Всушност целиот туристички бисер во белите мугри заличува на валкана кочина! Срамно и гнасно, поразително и понижувачки за сите нас…! Или не баш за сите зашто сите не сме исти!
Така барем вели Весна Петрушевска – Бејби, која со свој пост под објавените охридско – ѓубреџиски фотграфии се огради од некултурните туристи, на кои им порача: „Ова сте вие, не сме сите исти“!
И не сме… Затоа Бејби е во право, но какво фајде од тоа што не сме исти кога во иста држава живееме, во истиот тој наш бисер Балкански – Охрид сите одиме, истото тоа ѓубре го газиме, па со со истата некултура светот сите и не поистоветува! Да, ова го направиле некои други, зашто за среќа не сме сите исти, ама жал… сепак, ова сме НИЕ!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/skopje1mk/vesnapetrushevska