Радио Милева влијание

„Ова е премногу за мене“: Драгана Мирковиќ откри како нејзината ќерка реагира на медиумското внимание кое го добива (фото) 

„Ова е премногу за мене“: Драгана Мирковиќ откри како нејзината ќерка реагира на медиумското внимание кое го добива (фото) 

Музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ, се разведуваат по 24 години брак.

Нивните деца, синот Марко и ќерката Мануела, останаа со пејачката во Австрија, додека потегот на Марко да го отследи својот татко од социјалните мрежи наиде на многу коментари.

Драгана не крие дека нејзините деца различно реагираат на вниманието кое со години го добиваат од јавноста.

„Марко повремено оди на концерти со мене, само инкогнито… (се смее) Не сака да биде виден.

„Девојките го забележуваат, сакал-несакал“, изјавила пејачката во една прилика.

„На ќерка ми и е непријатно, таа е, на крајот на краиштата, женско… Непријатно и е да се појавува во медиумите, да ја има во весниците. Таа ми рече: „Мамо, ова е премногу за мене“. Реков: „Апсолутно немам никакво влијание врз тебе, ако сакаш да се тргнеш од мрежите“, тоа е се.

Единственото нешто што ми е важно е дека моите деца се среќни! Што се однесува до нивните партнери, кој и да изберат, јас ќе бидам најдобра свекрва“, заклучи тогаш Драгана, пренесува „Блиц“.

Фото: printskrin/instgaram/dragana_mirkovic

To top