Радио Милева „златно славејче 1982“

Ова девојченце денес е дама во шестата деценија и важи за една од најубавите македонски пејачки (фото)

Ова девојченце денес е дама во шестата деценија и важи за една од најубавите македонски пејачки (фото)

„Златно славејче“ од далечната 1982 година, на сцена голем детски хор придружуван од оркестар, а во центар главни тие, дечињата од едно друго време на поранешна Југославија.

Снимките од тоа време за среќа ги има, а на видео платформата Јутјуб неодамна осамна едно такво каде на сцената пред 42 години настапила и една наша позната пејачка која денес ја живее шестата животна деценија.

Музиката останува нејзин приоритерт, така што денес нејзината професионална определба ја носи повторно на сцената и тоа од Македонската опера и балет.

Станува збор за Маја Гроздановска- Панчева која на свои десет години пееше за „Непослушното срнче“.

Маја во 20о2 година дипломира на Музикачата академија во Скопје, за година претходно да ја отпочне својата кариера како поп изведувач.

Маја беше активна со нови песни до 2015 година, а денес иако овој сегмент го стави на пауза, таа никогаш не престанала да настапува и приватно надвор од работните ангажмани на големата сцена на МОБ.

Како што е добро познато, Маја е во долгогодишен брак со фудбалската легенда Дарко Панчев и има две ќерки кои не тргнаа по стапките на мама и имаат други професионални определби.

фото:Facebook/ Maja Grozdanovska Pancheva

 

To top