Радио Милева назад во реалноста

Ова беа најтешките два дена за водителката: Милена „изгубена“ во простор и време, еве и зошто… (видео)

Ова беа најтешките два дена за водителката: Милена „изгубена“ во простор и време, еве и зошто… (видео)

ТВ водителката Милена Антовска- Станковска неодамна се врати од својот летен одмор во Турција каде што беше семејно, со сопругот Гордан и двете ќерки.

Токму крајот на ова магично летно патешествие и летна авантура, на водителката и создаде хаос во главата.

Веројатно речиси секој се соочува со потешка адаптација по завршувањето на одморот и враќањето дома, а особено кога треба да се вратиш и на работа.

А сетете се само со колкава  радост, со каква  насмевка и хумор, Милена го најави последниот работен ден пред заминувањето на одмор…

Дојде време: Милена Антовска се става на пауза од пред камери: „Се смеам и заминувам…“ (видео)

Откако се врати, со „тешко срце“ најави и дека некако успеала да се присобере во мислите, просторот и времето и веќе да се подготвува за новите денови на работа.

Качувањето скали во зградата каде живее беше тешко, ама и помислата дека е назад во реалноста…

Зашто, како што во викендот е смислата на неделата, во годишниот одмор е смислата  на годината, но сепак… Животот не смее да трпи заради работата, ама без работа не се живее, па еве ја Милена назад пред камерите. А, веројатно редот дојде и на некоја друга од колешките или пак на колегата Роберт, кои со душа ја чекаа на смена да се појави Милена.

А на тоа има само еден одговор: Наздравје одмор!

фото:Instagram printscreen/ milena_antovska

To top