Денес е посебен ден во семејството Кузманчевиќ.
Модната дизајнерка Верица Ракочевиќ денес го слави својот роденден, а нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ јавно ѝ честиташе и ѝ посвети емотивни зборови.

Вељко објави фотографија од својата сопруга и ѝ напиша прекрасна честитка.

– Медо, имај прекрасен ден. Остани засекогаш своја и посебна, помести ги границите и пркоси им на времето и на законите на физиката уште долго време. Твојот сопруг те сака – напиша Вељко на социјалните мрежи.
Верица Ракочевиќ наполни 78 години, а многу жени би ѝ завидувале на изгледот и духот.

фото: print Screen/Instagram




