Водителот Огњен Амиџиќ објави неодолива фотографија со својот син Перун.
На првиот одмор на малиот Перун, во Анталија, отпатуваа со сопругата Мина, каде уживаат во топлите летни денови.
Водителот на емисијата „Амиџи шоу“ не крие дека ужива во родителството, па секојдневно споделува емотивни моменти со својот помлад наследник, а сега објави фотографија која никого не остави рамнодушен.
Амиџиќ и неговиот син позирале на терасата од луксузниот хотел во кој биле сместени, а во таа прилика се обидел да „сними“ селфи, што резултирало со неодолив кадар.
Во таа прилика, малиот Перун гледаше во камерата, додека и двајцата носеа слична, разбушавена фризура.
Да потсетиме, Огњен Амиџиќ по разводот со Данијела Димитровска, со која има син, стапи во врска со Мина Наумовиќ, која воедно му подари уште еден наследник.
фото: printskreen/instagram/ognjenamidzic