Промотер

Од проектот „Хитмејкер“: Влатко Стефановски го претстави видеото за инструменталната верзија на песната „Нада“ (ВИДЕО)

Од проектот „Хитмејкер“: Влатко Стефановски го претстави видеото за инструменталната верзија на песната „Нада“ (ВИДЕО)

Македонската музичка и гитарска легенда  Влатко Стефановски го претстави видеозаписот за инструменталната верзија на песната „Нада“ („Надеж).

Се работи за  видеото за инструменталната верзија на  безвременски класик од легендарниот хитмејкер Ѓорѓе Новковиќ, која ја прослави Габи Новак со нејзиниот препознатлив вокал.


Стефановски ја свиреше песната заедно со Кралскиот филхармониски оркестар, а таа е вклучена на албумот Guitar Sings, кој е дел од еден од најзначајните и најамбициозните дискографски проекти „Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ“.


Албумот всушност содржи инструментални верзии на десет евергрини од богатиот опус на еден од најголемите хрватски и екс ЈУ автори, Ѓорѓе Новковиќ. Оркестарот го диригираше прославениот диригент и добитник на Греми наградата, Стив Сидвел.


„Многу сум среќен што сум дел од овој проект, да се биде во него е нешто многу посебно. Добив понуда од „Кроација рекордс“ да направам десет инструментални верзии на песни кои се дел од богатиот опус на големиот Ѓорѓе Новковиќ и одличниот проект „Хитмејкер“. Тоа е толку луксузен и амбициозен проект што ја прифатив поканата со големо задоволство“, ќе изјави Влатко Стефановски.

Неговата гитарска верзија на темата „Нада“ проследете ја во продолжение:

To top