Џони Деп се појави во Лондон во елегантно издание, со избричена брада и пократка коса и изненади многумина. Веќе навикнавме да го гледаме Џони во рокерски изданија, со оглед на тоа што тој е љубител на оваа музика и веќе подолго време има свој бенд.
Актерот сега одлучил, како што наближува до 61 година, на улиците на Лондон да се појави како вистински господин во одело, капут и вратоврска. Џони сепак носел модерни очила, а сите се прашуваат која е причината за неговата трансформација? На почетокот на оваа година тој ја покажа својата драстично послаба фигура.
IG / whoopsee. it#JohnnyDepp pic.twitter.com/4IjmjWIwdF
— さのばびっちQ猫 (@Qsoneko_) April 16, 2024
Во февруари оваа година, на промоција во Торино, Италија, каде како режисер работи на новиот филм „Modi“, за сликарот Модиљани, Деп беше фотографиран како носи капа, а косата му паѓаше преку рамениците. Оттогаш доживеал голема трансформација, а на најновите фотографии го гледаме во костум и капут на „Dior“.
View this post on Instagram
Пријателите на холивудската ѕвезда велат дека на оваа промена влијаел неговиот живот во Лондон, кој очигледно му годи.
„Тој живее во Лондон откако работеше на „Modi“ и живее поуреден начин на живот од порано“, велат тие.
Џони инаку е заштитно лице на „Dior“ и нивниот најпродаван парфем.
View this post on Instagram
Актерот го играше Луј XV во „Jeanne Du Barry“ во кој зборува на француски јазик. Филмот беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во мај, а на прашањето дали доживеал „бојкот од Холивуд“ по обвинувањата за семејно насилство од поранешната сопруга Амбер Херд, тој рече: „Скоро како да морам да се вратам и да одиграм најдобро за вас луѓе, и се надевам дека ќе ме одобрите“.
„Не се вратив, бидејќи не отидов никаде“, рече Џони.
фото: Instagram printscreen/ jonny___depp/ johnnydepp