Поп-пејачката и харфистка Сара Костадиновска или позната како Сара Мејс редовно се огласува на социјалните мрежи.
Таа доста време поминува во козметичките салони па оттаму знае да сподели интересно „стори“ со кое знае да се пошегува на своја сметка.
Така беше и овој пат кога се фотографираше со нанесена маска од спирулина па со зелената боја си заличе на еден познат супер херој.
Имено таа напиша дека во оваа верзија е токму неверојатниот Хулк, херој кој е омилен меѓу младите.
Сара покажа дека знае како се ужива, па за време на третманот за убавина додека се претвора од Хулк во вистинска убавица покажа дека се задоволува и пиејќи топло кафе.
На видеото пејачката го снимаше секое нејзино движење како се опушта па расположението дефинитивно го задржала во целост.
фото: printscreen/instagram