Живот и стил

Новогодишни путер колачиња

Новогодишни путер колачиња

Неодоливите колачиња најмногу ќе ги израдуваат децата, а ќе ја красат новогодишната трпеза.

Состојки:

500 гр брашно
150 гр путер
150 гр шеќер
80 мл слатка павлака
3 јајца
1 ванилин шеќер
2 лажички сода бикарбона

Глазура:

250 гр шеќер во прав
1 белка од јајце
боја за јадење за колачи

Подготовка:

Се матат путерот и двата шеќери додека не се запенат. Додадете ги јајцата едно по едно. Кога смесата ќе се изедначи, додадете ја слатката павлака и матете на најмала брзина да се соединат состојките. Додадете брашно помешано со сода бикарбона и замесете меко тесто. Завиткајте го во провидна фолија и ставете го во фрижидер два часа. Расукајте го со сукало и со калап исечете ги саканите форми. Се редат во тава на хартија за печење и се печат во загреана рерна на 180 степени 10 минути или додека не поруменат.

Глазура: Изматете ги белките додека не се стегнат и постепено додавајте го шеќерот во прав, матејќи цело време додека не добиете густа смеса. Смесата поделете ја на неколку длабоки чинии (во зависност од тоа колку бои сакате) и на секоја додајте неколку капки боја по желба. Со глазурата премачкајте ги колачињата и декорирајте по желба.

фото:Freepik

To top