Нона Неделковска или само Ноне, одново е дома во родниот Велес. На привремен, кус одмор или подолга пауза, засега ни самата не знае, се додека не добие нов повик за работа на големите прекуокеански крузери, со кои по големите светските мориња и океани крстари последниве десет години.
А кога е дома, времето најчесто го минува со најблиските, зашто заради природата на нејзината работа, патувањата и долгите отсуства, ретко има прилика да биде со нив.
Мама, тато, бато и… се разбира нејзината домашна „животинска фарма“ куќни миленици. Папагалот, мачката, кучето… Во различни периоди домот на Неделковски е исполнет со различни домашни миленици. На моменти и сите топтан, заедно.
Но, се чини дека она што е нејзино галениче е белото бушаво куче од кое Ноне не се одвојува штом се врати дома. Љубовта е обострана, а најшетаната велешанка отоврено ја покажува кон белото рунтаво кученце кое всушност е женка и се вика Луси!
Во нивниот дом е веќе осум години и оттогаш Неделковски со неа се неразделни.
Се разбира освен Ноне, која повеќе е надвор отколку дома, што на нејзината Луси тешко и паѓа, по неа пати, едвај чека да ја види и постојано ја моли што побргу да се врати.
А штом дојде, макар и на кратко, нивното дружење е неразделно, срдечно и топло… Дома или надвор во двор, на прошетка низ град или во природа, Ноне тоа отворено го покажува и не крие дека само неа и дозволува на гради да и спие!
View this post on Instagram
Фото: Фејсбук/Mimoza Nedelkovska/ и Инстаграм/nona.nedelkovska