Радио Милева шеф виктор

Ниту тенис, а ниту музика: Синот на Брена и Боба има талент за нешто сосема друго (фото)

Ниту тенис, а ниту музика: Синот на Брена и Боба има талент за нешто сосема друго (фото)

Виктор Живојиновиќ е роден во семејство на извонредни таленти. Лепа Брена е врвен музички талент и една од најголемите балкански ѕвезди, додека Боба со својот талент се запиша во историјата на белиот спорт.

Сепак, талентот на Виктор Живојиновиќ не спаѓа во овие гранки. Најмладиот син на Боба Живојиновиќ и Лепа Брена го открил својот талент во семејниот дом, при подготовките за крштевката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viktor Zivojinovic (@viktorernest)

Виктор Живојиновиќ со години учествува во подготовката на празничната трпеза, и виткањето на сармата, а потоа само продолжи љубовта кон готвењето.

Овој пат талентот на Виктор Живојиновиќ го виде и неговата избраничка Софија, на која и приготви гулаш во котел, но и ајдучки ќебап.

На мрежите се пофали со своите специјалитети, а на многумина им е јасно дека љубовта кон вкусната храна го довела до љубовта кон готвењето, па Виктор сега е готвач во куќата на Живојиновиќ.

фото:Instagram printscreen/ viktorernest

To top