Радио Милева се држат за раце

Никол Кидман по разводот во нова врска со познат актер

Никол Кидман по разводот во нова врска со познат актер

Откако фотографите забележаа изненадувачки момент меѓу актерите, се појавија гласини дека Никол Кидман продолжила напред по разводот од Кит Урбан.

По месеци шпекулации дека се во врска, Никол Кидман и актерот Сајмон Бејкер покажаа дека навистина може да постои нешто повеќе од колегијален однос меѓу нив.

Актерите се држеа за раце и изгледаа одлично расположени на њујоршката премиера на нивната нова серија „Скарпета“ заедно со нивните колешки Џејми Ли Кертис, Аријана Дебоз и Боби Канавале.

Добитничката на Оскар изгледаше елегантно како и секогаш, овој пат во црн фустан од Шанел која се состоеше од јакна и полупроѕирно макси здолниште, додека Бејкер носеше беж костум и црна маичка.

– Се познаваме добар дел од нашите животи, па затоа отсекогаш сакав да направам нешто значајно со Сајмон – неодамна изјави актерката, која е блиска пријателка со поранешната сопруга на Бејкер, Ребека Риг, признавајќи дека таа го „молела“ да соработува.

– Па постојано му велев: „Ќе го направиш ли ова со мене, те молам?“, а тој беше во период кога можеше, кога можеше да биде далеку од дома и да прави работи што ги сака. И ми рече „да“!

Никол Кидман и Самон Бејкер претходно соработуваа, кога играа брачен пар во серијата „Рик“ (2022), а тој истакна дека се забавувале одлично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Baker (@snappytoes)

Според медиумските извештаи, кантри музичарот Кит Урбан, поранешниот сопруг на Никол Кидман, е „очаен поради гласините за романсата“ и поради тоа што актерката продолжи понатаму толку брзо по нивниот развод.

To top