Пејачката Катарина Живковиќ неодамна ја организираше промоцијата на нејзиниот нов албум наречен „Куртизана“, каде собра бројни членови од естрадата. Но, на сите им падна во очи тоа што Кија Коцкар не се појави на промоцијата, со оглед на тоа што таа и Катарина беа многу блиски.
Катарина во емисијата „Сцена специјал“ на ТВ Блиц зборуваше за релецијата со Кија Коцкар со која до скоро беа најдобри пријателки, а сепак не ја покани на промоцијата на албумот.
„Оној што требаше да дојде, дојде, тој што не – не и не би ја коментирала понатаму таа ситуација“ – рече Катарина.
По тој повод, екипата на Гранд стапи во контакт со Кија Коцкар, која имаше краток коментар на изјавата на Каќа.
„Се согласувам со неа“ – одговори Киа за Гранд.
На шпекулациите и коментарите дека во се е замешан бившиот сопруг на Кија, пејачот и ријалити учесник Слоба Радановиќ, Каќа одговорила:
„Јас и Слоба сме во иста компанија, имаме заеднички менаџер. Помеѓу мене и него никогаш немало никакво непријателство. Секогаш е добродојденк ога станува збор за промоции, а заедно гостувавме на емисии, работевме заедно. Сето тоа околу кавгата е шпекулација“ – изјавила Каќа.
Фото: Инстаграм/katarina_zivkovic_official