Радио Милева слатки маки

„Не знам што да правам, полудев“: Миа Костова покажа како изгледа нервен слом пред облекување, а еве и зошто (фото)

„Не знам што да правам, полудев“:  Миа Костова  покажа како изгледа нервен слом пред облекување, а еве и зошто (фото)

Инстаграм на Инфлуенсерите им служи за споделување на моменти од живот. Нивната цел е да откријат што повеќе лични информации за себе,  да го зголемат бројот на следачи, а потоа од тоа и да заработат.

Една од нив е македонската екс ТВ водителка, а сега една од најпознатите Македонки која седи на тронот во инфлуенсерството  Миа Костова.

Таа овој пат сними едно подолго видео додека стоеше пред нејзиниот плакар, обидувајќи се да облече  фармерки  но, кои за жал изгледаа како да се позајмени од друга жена.

Миа не сакаше тоа  да звучи  како оние „женски муабети“ дека нема што да носи но, навистина  се пожали  дека веќе нема што да облече бидејќи сѐ и е големо.

– Немам апсолутно ништо што да облечам, овие фармерки многу ги сакав, стварно ми беа едни од омилените, јас стварно не знам што ќе правам, ама сѐ изгледа како да не е мое. Полудев. Жива вода сум…

Сепак, таа на почетокот кажа дека тоа иако е така нејзе  и причинува задоволство.

 

Миа веќе не е од оние кои се незадоволни од изгледот напротив таа е горда на тежината која ја има но и покрај тоа доживеа „нервен слом“.

Широката гардероба значи и неколку килограми минус, а на крај тоа е и најважно. Сепак, навистина ситуацијата во која таа сега се најде „преку ноќ’ ги загрижи нејзините следбеници.

– Калориски дефицит, на слатки маки си, не грижи се  „оверсајз“ е во мода… – ја тешеа во коментарите под видеото.

@mia.kostova Nerven slom i nemam sto da oblecam #grwm ♬ original sound – Mia Kostova

Фото: printskrin/instagram/tiktok

To top