Радио Милева предизвици и одлуки

„Не се каам само за едно нешто“ – Миа Костова откри што и носи мир и слобода

„Не се каам само за едно нешто“  – Миа Костова откри што и носи мир и слобода

Миа Костова, поранешната позната водителка, денес е една од највлијателните инфлуенсерки во Македонија, која активно ги следи и коментира актуелните  теми.

Низ својата јавна кариера, Миа го изгради својот имиџ како глас на отворена личност која нема страв да ги сподели своите ставови и размислувања, без разлика дали станува збор за општеството или лични искуства.

Во светот каде што поткастите стануваат се попопуларен медиум за пренесување на информации и дебати, Миа искрено призна дека не се пронашла во овој формат и изрази голема благодарност што нема свој поткаст.

Таа вели дека одлуката да не отвора сопствен канал и емисија во овој формат ѝ носи мир и чувство на слобода.

– Од оваа дестанца денес после милион предизвици и одлуки дали за соработки или за изнесување јавно мислење не се каам само за едно нешто. А тоа е дека немам поткаст. Се чувстувам многу мирно и привилегирано – изјави Миа.

Нејзиниот успех како инфлуенсерка и јавна личност едноставно се мери со способноста дека останува автентична.

За Миа тоа е токму овој мир што го добива не влегувајќи во светот на поткастите, каде што се бараат постојани објави и редовна интеракција со публиката на еден сосема различен начин.

Со својата енергија и позиција, Миа Костова продолжува да влијае во Македонија, привлекувајќи големо внимание кога зборува, но и градејќи свој уникатен пат на инфлуенсерство – одржувајќи ја својата слободна, искрена и стабилна јавна слика без нужност од дополнителни канали како поткаст.

Foto: print screen/Instagram/miandrija

To top