Фитнес инструкторката Едина Муса неодамна обзнани дека очекува принова, носи машко бебе кое ќе се вика Максим.
Атрактивната екс- кошаркарка е доста активна на Инстаграм откако стомакот нарасна и откри дека ќе биде мајка за првпат, ама најактивна е во теретана каде не пропушта ниеден тренинг соодветен за трудници.
Но, не само Едина ја има оваа рутина како животен стил и начин на живот.
View this post on Instagram
Истата пракса ја има и фитнес инструкторката Елена Бубало од Скопје која ќе стане мајка по третпат.
Фитнес тренинзите се нејзина примарна работа, сама, но и со членките на клубот каде секојдневно функционира.
Како искусна мајка на две деца и редовен вежбач, Елена точно знае кои вежби се соодветни за блажена состојба, а кои не.
View this post on Instagram
Елена Бубало објави видео каде крева тегови, а со тоа исто како и Едина мотивира и посочува дека доколку трудниците имаат амин од лекар и совети од тренер, тогаш лежењето во кревет и јадењето за двајца не се секогаш опција и изговор дека детето ви го бара тоа.
фото: Instagram printscreen/ edina_musa/ elenabubalo