Покрај сето останато што се случуваше и важи за Бојан Јовановски, алиас Боки 13, едно е сигурно: Ваков или таков, Боки е сепак модна икона за Македонија. Кога се гардеробата, стилот, модата и модните трендови во прашање, кај него со сигурност нема промашување! Можеби има ексцентрична или каква и да е природа, ама затоа со гаранција секогаш се носи по последна мода.

Она што е тренд и бренд во светот, а го лансираат најпознатите модни куќи, го носи и Боки! И речиси никој друг во Македонија не може, не умее или не знае да биде така умешен лидер во модната сфера како осуденикот од познатата „Рекет“ афера!

Но, дали е баш така, кога се во прашање некои други познати Македонци или барем оние кои имаат македонски пасош, а не живеат во Македонија, одговорот го најдовме кај Македонската фудбалска репрезентација.
Имено, избраниците на селекторот Благоја Милевски дојдоа на собир за подготовки за претстојните репрезентативни натпревари со Белгија на гости и Казахстан дома. Собирот на стандардното зборно место во познатиот скопски хотел, ама затоа имиџот и гардеробата на македонските репрезентативци нестандардна. Или ако повеќе сакате ултра модерна. Барем кај повеќето, зашто по она што го носеа на себе на пристигнувањето на собирот, повеќе наликуваа на манекени, отколку на фудбалери.

Така што не само Боки 13, туку сите од еден до единаесет дотерани по последна мода од горе до доле, на чело со голманот Столе: „Накитил се, испеглал се, чевли светат ко огледало! Стајл кумановски, ко од списание излезен“ – што би рекле неговите од федерацијата. И не само заради црните широки панталони и куста кожeна јакна, туку и заради големата Луj Витон торба, Столе – единица, модерен до даска ко Боки 13-ка! До душа Боки во ваквата торбата ги носеше милионите на Орце по што во Шутка и Идризово „грееше“ ќелија, а Столе по трансферот од Рајо, „ја грее“ клупата на Валенсија. Ама затоа во репрезентацијата се’ уште е порв избор. И меѓу стативите и како модна икона меѓу фудбалерите.
View this post on Instagram
Ништо помалку дотерани по последна мода не се ниту другите. Никола Серафимов во лежерно издание, со тековни модни тенденции во слоевита комбинација од принт баги крој панталони, маичка , џемперче и бомбер јакна.
Јани Атанасов небаре игра за а Вардар во црно-црвен дуксер, широки панталони и патики… Кежуал, комфорен, речиси како за на терен.
Милан Ристовски налик на Столе, следи мода, па пресечен тренч мантил спакуван во димензии на сако, бел џемпер и црни баги панталони.

Џани Алиоски, како да е музичка рап ѕвезда… Во фармерки, дуксер и спортско капче, со ранче на грбот среде бел ден, небаре е Еминем.

Елмин Растодер е модно едноставен фудбалер. Монохроматика во црно, непогрешлива и сигурна варијанта.

Дарко Велковски најкомфорно и најкомоно се чувствува во спортска брендирана дуксер варијанта или на модните трендови никако не може да им подлегне, па од спортскиот стил никако да побегне.

Бојан Илиевски, можеби некој ќе рече дека потонал во модна монотонија. Навидум имиџ за секојдневие, ама па и што треба повеќе кога доаѓаш на фудбалско собирање?

Стефан Ашковски облечен тотално есенски. И тоа во спортско-младешка варијанта, во која се потрудил да ги спои боите на елекот во колор блок. Прашање е дали и на теренот ќе добие шанса по левиот бок?
Давид Бабунски речиси со идентичен имиџ како Бојан Илиевски. И тука ситуацијата е чиста. Репрезентативниот собир го сфатил како доаѓање работа, а не парада по модна писта.

Останатите нема потреба модно да се коментараат, зашто во националните бои сите исто изгледаат. Конечно, црвена боја ни е најмила.

Останува уште сите исто максимално да се залагаат, врвно да одиграат и се разбира да победуваат и секогаш одново да не радуваат!

Фото: Инстаграм/ffmacedonia







