Пејачката Марија Шерифовиќ деновиве престојува во Црна Гора со својот син Марио, кому ова му е прв одмор.
Марија Шерифовиќ на ова патување ги понесе својата бебиситерка и својот стоматолог.
Сега пејачката на својот Инстаграм профил сподели фотографија од малиот Марио со емотивен натпис: „Сонцето вечно нека те грее“.
View this post on Instagram
Коментарите под објавата постојано доаѓаа, а следбениците беа воодушевени од преслаткото момче фотграфирано од грпче.
Да потсетиме, Марија Шерифовиќ го доби синот Марио со помош на сурогат мајка, а во емисијата „Амиџи шоу“ откри какви услови имала сурогат мајката.
– Страшно ми пречи што на Балканот, со должна почит кон сите нормални, цивилизирани луѓе, луѓето седат под карпа. Седам во Америка, се сончам и читам како луѓето „седат“ по весници, емисии, утрински програми и кажуваат како таа жена е врзана за радијатор, како е малтретирана личност, како е…
– Почитувани, ова е процедура која бара илјадници документи, потпишани документи. Мојата сурогат мајка имаше масажа секој ден, чистачка во куќата… Таму не се работи за ропство, изјави пејачката.
фото:Instagram printscreen/ serifovic