Радио Милева необичен подарок

„Не можам да си поверувам“: Елена „Живот со стил“ се изненади од она што и се случи во Монте Карло (видео)

„Не можам да си поверувам“: Елена „Живот со стил“ се изненади од она што и се случи во Монте Карло (видео)

Поранешната тв водителка, а сега популарна инфлуенсерка и трендсетерка Елена Најдоски, позната како Елена „Живот со стил“, доживеа пријатно изненадување во кое едвај поверува.

На својот профил на социјалните мрежи таа го сподели видеото што ја остави без зборови.  Имено,  додека шетала по улиците на Монте Карло заедно со сопругот, била забележана и нацртана од уметница, а сето тоа било документирано и објавено на нејзиниот официјален профил.

Елена раскажа како не знаела дека некој ја следи со камера, додека веројатно  се упатувале кон некој елитен ресторан или ексклузивен бутик, а  дека тоа што е уловена и нацртана во уметнички цртеж  за неа  е вистински неочекуван подарок.

Уметницата Катерин Плот (Catherine Plot) случајно ја вклучила во својата серија „Цртање луѓе во јавно издание“, наведувајќи дека жената која ја црта не знае дека постои таков цртеж од неа.
Оваа случка исто така има и посебна вредност за Елена бидејќи  минатата година, во јуни, таа и сопругот отпатуваа во Кан и Монте Карло по повод тригодишнината од бракот, така што подарокот од уметницата дојде како необична и топла потврда на тие спомени.

Во описот на видеото, Елена напиша: „Ми го пратија видеото и не можам да си поверувам сосема случајно ме забележува уметник низ Монте Карло и сум навистина почестена – напиша таа во описот“.

Судбинскиот момент ги поврзува луксузот на француските улици со интимната радост од тоа да бидеш инспирација за уметник, а за Елена останува потсетник на романтичните денови поминати со нејзиниот сопруг сега овековечени и на платно.

Foto: printscreen/instagram/elena_zivotsostil

To top