Познатата и популарна брачна двојка, Сара Мејс и Димитар Атанасовски со наследниците Илина и Кирил уживаа во Холандија. Имено тие беа во посета во „земјата на ветерниците и лалињата“ или поточно на гости кај своите најблиски – сестрата и зетот на Димитар кои таму работат и живеат.
Семајството живее надвор од големиот град, па атмосферата низ холандското село Хатем е повеќе од бајковита. Затоа прошетките по реката, езерото или бескрајните зелени паркови, се неодминливи. Особено со велосипед, зашто Холандија и Холанѓаните него најчесто го користат како превозно средство дури и по градовите кога одат на работа, а камо ли за прошетка по ваква живописна природа.
Затоа Сара, Димитар и дечињата изнајмија велосипеди и тргнаа со пријателите во возење по непрегледните патеки. Арно ама, кога сакаш многу да раскажуваш марифети, да зборуваш и да вртиш педакли, при тоа да довикуваш и мафташ со едната рака, не ретко се случува да се најдеш на мака. Или поточно од возна состојба, да влеташ во неволја. Како што тоа и се случи на Сара.
Пејачката и харфистка, наместо додека ги врти педалите со нозете „весело по нив да цупка“, нејзиното „расеано внимание“ направи да падне во дупка… И како што е редот да ги руши двете гуми на велосипедот. Среќа незгодата минала без поголеми последици, освен пар пцости во вид на думи и… дупнатите гуми!
По ова, констатацијата е една: Не е секој за (на) велосипед. Среќа што Сара Мејс не беше „девојката со точакот“ што на него ги вози децата, зашто… многу поголема ќе беше белјата!
Затоа тато Димитар е ем мудар и итар, ем умен и внимателен… Па, знае како да ги заштити децата и од студ и од ветар, а што е најважно и од не дај Боже, повреди.
Вози си внимателно и полека, без довикување и мавтање и нема да имаш проблеми со паѓање.
Патем, подобро да е погрешна песната, отколку рамнотежата. А и подобро да си го носиш нејзиниот елек, отколку да го слушаш нејзиниот лелек – (новокомпонирана холандско-скопска)!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/sarahmace__