Пејачката Наташа Беквалац, како и секоја нова година, работно ја дочека и новата 2025 година.
И додека со публиката во дискотеката во Будва одбројуваше до полноќ, за паметење остана настапот на Беквалац за репризата на дочекот во Белград.
„Барбиката од Нови Сад“ во околу 22 часот ги поздрави присутните во новиот ресторан во рамките на неодамна реновираниот Сава центар, а кога се појави сите за момент останаа без зборови.
Пејачката се потруди и овој пат да изгледа беспрекорно, покрај одличната атмосфера што ја создаде.
Нејзиниот стилист со години е нејзината помлада сестра Кристина, која најдобро знае за неа, а според сензибилитетот на Наташа, тие избираат стајлинг за секој јавен настан или настап.
Овој пат сакаа да се повикаат само на мир, благосостојба и среќа во 2025 година, а одлучија за настапот на Наташа Беквалац на први јануари стајлингот да биде целосно бел.
фото: printscreen/instagram/babic_ph