Радио Милева убавините на животот

Наскоро уште едно бебе: Павле Камилоски и Ирина ќе станат родители по вторпат, а на свет ќе дојде…? (фото)

Наскоро уште едно бебе: Павле Камилоски и Ирина ќе станат родители по вторпат, а на свет ќе дојде…? (фото)

Пејачот Павле Камилоски и неговата сопруга, планинарката Ирина Дишо не чекаа да помине многу за да го прошират семејството со второ дете.

Ирина на социјалните мрежи откри дека е во третиот триместар од бременоста, па за речиси три месеци тие ќе станат родители по вторпат.

Како и во првата бременост кога го носеше синчето Јосиф, мама Ирина беше ултра активна трудница која постојано беше во подвиг искачување врвови, а откако се породи заедно со група мајки редовно го искачуваа Водно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Kamiloska (@irinadisho)

Сега со фотографии од својот летен одмор Ирина ги објави фотографиите со нараснатиот труднички стомак и откри дека очекува женско бебе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Kamiloska (@irinadisho)

Нивната животна приказна ќе стане уште поубава за неколу месеци кога Јосиф ќе добие сестричка.

За потсетување, пејачот и планинарката се венчаа во месец февруари 2023, кога направија голема свадба со многу гости, а набрзо потоа се роди и нивното прво синче кое името Јосиф го доби по таткото на пејачот.

фото:Instagram printscreen/ irinadisho/ pavle_kamiloski

To top