Манекенката Наоми Кембел важи за модна икона уште од моментот кога стапна на пистата. Таа влезе во светот на модата кога и Синди Крафорд и Јасмин Блит, но секогаш ја следеа гласини дека е најнезгодна од сите.
Со години се шушкаше дека носи перики и тепа асистенти, а пред три години „црниот пантер“ шокираше со најнежната објава – дека станала мајка на 50 години.
Веста ги изненади сите што се најдоа на нејзиниот Инстаграм во тој момент кога објави слика од девојчето, а потоа медиумите се обидоа да дознаат дали детето го добила преку сурогат мајчинство, дали била бремена и ја криела бременоста, дали девојчето е посвоено…
View this post on Instagram
Оттогаш Наоми доби и син, а во интервју за магазинот „Вог“ откри дека не посвоила ќерка. Сега конечно потврди дека е биолошки родител и на ќерката и на синот.
Манекенката, која вели дека е самохрана мајка, го изјави следново: „Слушнав многу девојки кои велат дека можеби не сакаат да имаат деца, а јас реков: „Ќе се предомислиш. Ќе сакаш да бидеш мајка. Разбирам дека е тешко економски. Но, мајка ми немаше ништо и успеа. Тоа е толку неверојатно“.
Откако го доби второто дете, таа изјави дека нејзиниот син е дар од Бога и нагласи дека „никогаш не е доцна да се стане мајка.
View this post on Instagram
-Се надевам на подобар свет за моите деца. Тие ми се приоритет 100 проценти. Повеќе им верувам на моите деца отколку на нас возрасните дека ќе ја направат вистинската работа, истакна таа, пишува Page Six.
фото:Instagram printscreen/ naomi