Радио Милева убавини на душа

На среќата и нема крај: Јордан Митев со првата фотографија како четиричлено семејство

На среќата и нема крај: Јордан Митев со првата фотографија како четиричлено семејство

Фолк пејачот Јордан Митев пред речиси еден месец стана татко по вторпат, овој пат на машко бебе кое го доби името Кристијан.

Синчето на свет дојде на христијанскиот свет ден Крстовден, па оттука не случајно го доби тоа име.

Бебенцето ја исполни семејната целина, а убавите денови дополнително добија сјај и со роденденот на малата наследничка, првородената Кристина која наполни две години.

-Како вчера да се роди, а веќе поминаа две години. Среќен роденден ќерко моја! Биди здрава и жива, Господ секогаш нека биде со тебе и нека ти ја подари сета убавина, радост и среќа на овој свет, а јас ќе направам сè што можам за тебе – напиша Јордан на социјалната мрежа Фејсбук.

Популарниот фолк пејач не е од оние познати кои често објавуваат приватни моменти, а оваа фотографија каде се четиричлено семејство е првата откако се во ваков проширен состав.

Честитки уште еднаш, да се здрави и живи!

фото:Facebook/ Jordan Mitev

To top