Мегафон изненадување?

На концертот на Теа Таировиќ во Скопје: Сања Вучиќ и една македонска ѕвезда ќе бидат специјални гости

На концертот на Теа Таировиќ во Скопје: Сања Вучиќ и една македонска ѕвезда ќе бидат специјални гости

Сања Вучиќ и уште една македонска ѕвезда специјални гости на концертот на Теа Таировиќ во Скопје! Скопје се подготвува за најголемиот музички настан оваа есен! Популарната регионална ѕвезда Теа Таировиќ на 15 ноември, оваа сабота ќе настапи во арената „Борис Трајковски“ со шоу какво што македонската публика досега не видела. Организаторите официјално потврдија дека специјален гостин ќе биде Сања Вучиќ, една од најмоќните вокали на Балканот.

Но тоа не е сè, публиката ќе добие уште едно големо изненадување. Заедно на иста сцена со Теа Таировиќ, ќe настапи и уште една домашна музичка ѕвезда, чиј идентитет ќе биде откриен наскоро. Оваа најава веќе внесе дополнителна возбуда меѓу македонските фанови и предизвика големо внимание на социјалните мрежи. Публиката во Скопје, оваа сабота ќе ужива во спектакл со врвна продукција, импресивна сценографија, танчерски тим, специјално креирани кореографии и визуелни ефекти кои ќе ја претворат арената во вистинска концертна магија. Ако не сте си обезбедиле билет, веднаш направете го тоа преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК травел Дајмонд.

To top