Пејачките Сузана Гавазова и Антониа Гиговска важат за дами со стил кои секогаш знаат да се облечат и да привлечат внимание со изгледот, а овој пат се одлучија за слични комбинации.
Имено, на 5 мај , Гавазова на кратките приказни на Инстаграм сподели неколку видеа во комбинација која потсетува со онаа на Антониа Гиговска која ја носеше во новиот спот на песната „Аман“ која неодамна ја сними и ја објави пред јавноста ден порано, односно на 4 мај.
Сузана Гавазова за настапот во една емисија се појави во Мирор фустан без ракави. Овој фустан со огледала комбинира ласкава, припиена силуета со откриени рамена и затворен дел кај градите.
Слично на неа носеше и Антониа Гиговска која пак се одлучи за Мирор комбинезон, совршен за оставање траен впечаток, а рефлектирачките огледала и обезбедија вистинска количина на покриеност, со невин заводлив шарм.
Таа се појавува со светли веѓи и трепки со цел да долови албино изглед. А еве како изгледала за време на снимање на спотот за песната „Аман“ снимен во Египет и во пустината Сахара.
Сличните стајлинзи, на пејачките лесно се забележуваат, па дефинитивно и нивните следбеници на социјалните мрежи никако не го пропуштија тоа да го прокоментираат.
фото: printcsreen/instagram