Детскиот фестивал „Поточиња“ со голема радост ја најавува нивната следна голема забава. И тоа во Охрид, на 27 јуни, на сцената на „Долни Сарај“ со почлеток во 19.30 часот. Влезот е бесплатен.
„Најмили наши, Ве каниме на целочасовна дружба, игра и песна со Поки и Поточиња на прекрасната сцена “Долни Сарај” во Охрид. Дојдете заедно да создадеме нови убави спомени во рамки на манифестацијата “Културата расте со децата” во организација на општина Охрид.
Летото нека започне со езерска игра, песна и забава“ – порачуваат во својата покана организаторите, повикувајќи ги децата и нивните родители на бесплатно дружење со песничките од „Поточиња“.
Фото: Д.Ф. Поточиња