Мегафон приказната продолжува по 23. пат...

На 18 и 19 април во Македонска опера и балет: Детскиот фестивал „Поточиња 2026“

На 18 и 19 април во Македонска опера и балет:  Детскиот фестивал „Поточиња 2026“

На 18 и 19 април во Македонска опера и балет по 23. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“.

Омилените „Поточиња“, заедно со незаменливиот водител Поки (актерот Мартин Јорданоски) подготвија нова фестивалска приказна и со нови 17 детски песни ќе се погрижат децата да се забавуваат, да танцуваат и да пеат.

По успешното издание Поточиња 2025 и голем број гостувања на детски манифестации во Скопје, низ Македонија и гостување на хуманитарен концерт во Германија, Поточиња 2026
треба да биде продолжение на успешната приказна која со својот квалитет ги плени срцата на најмалите љубители на музиката.

Билетите по цена од 500 денари се веќе во продажба преку мрежата МК Тикетс и онлајн на следниот линк:  https://mktickets.mk/event/potochinja-2026/

To top