Под мотото: „Вкуси ја Македонија во чаша“, на 16, 17 и 18 октомври во етно комплексот „Македонско село“ ќе се одржи винскиот фестивал „Вино фест 2026“.
Оваа есен, во уникатниот амбиент на комплексот „Македонско село”, во подножјето на Водно, ве очекуваат три дена исполнети со вино, музика, традиција и македонски вкусови.
На 16, 17 и 18 октомври, „Македонско село“ ќе биде место на средба на љубителите на доброто вино, домашните производи, традиционалната гастрономија и македонската култура.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од повеќе македонски винарии, да се запознаат со нивните приказни и производи, да уживаат во традиционални специјалитети и домашни производи, како и во богата музичка и забавна програма која ќе ја изведуваат исклучиво познати македонски ѕвезди, групи, артисти и ДЈ-и.
Фестивалот е замислен како вистинско есенско доживување за сите генерации ,спој на винската култура, македонската музика, автентичните вкусови, семејната забава и неповторливиот амбиент на „Македонско село“.
Три дена за дружење. Три дена за откривање нови вкусови. Три дена музика и добра атмосфера. Три дена посветени на Македонија и нејзината традиција.
Ова нема да биде само уште еден фестивал, туку вистински вински спектакл! На едно место ќе бидат собрани дури 15 македонски винарии, со богат избор на вина кои ќе можат да се дегустираат во уникатната атмосфера на Македонско Село.
За забавата да биде комплетна, следуваат три дена музичко лудило со познати имиња од македонската музичка сцена.
На фестивалската сцена ќе се појават DJ Branchez, Нино Величковски и неговите Тамбураши, Благица Павловска и DJ Тина, Игор Џамбазов и Гуру Харе, DJ Тоше, група Гезме, Александар Јосифовски, Александар Тарабунов, група Лихнидос, Смиља Митреска, Ѓоко Танески, Огнен Здравковски, Дамјан Стојановски и DJ Галоски.

На 16, 17 и 18 октомври во етно комплексот Македонско село – Скопје, на падините на средно Водно Ве очекуваме заедно да ја вкусиме Македонија во чаша, во чинија, низ музиката и традицијата.






