Живот и стил

Мусака од пченка: Неодолива комбинација на состојки, за неповторлив вкус

Мусака од пченка: Неодолива комбинација на состојки, за неповторлив вкус

Ви треба:

400 гр замрзната слатка пченка
0,5 l супа
50 гр путер или маргарин
25 гр брашно
0,2 l млеко
1 лажичка слатка мелена пиперка
сол
бибер
2 лажички сок од лимон
4 јајца
2 домати исечкани на коцки
2 стапови праз
300 гр полномасно младо сирење
50 путер

Подготовка:

Растопете го путерот, додадете го брашното и пржете додека не добие бледожолта боја. Тргнете го од оган, истурете ја супата и млекото, па сварете го сосот со постојано мешање за да не се формираат грутки. Зачинете го со пиперка, бибер, сок од лимон и сол. Исечете го празот на прстени, сирењето на тенки парчиња. Во подмачкан сад прво ставете половина од пченката, потоа празот и сирењето, па сите останати состојки, па остатокот од пченката. Прелијте го сосот, додадете листови путер и печете ја мусаката на 200 степени 45 минути.

Извор: Попара

To top