Радио Милева „крушата под круша паѓа“

Можете ли да погодите кој македонски пејач е ова детенце? Денес има наследник што на сцена го прави истото што и тато (видео)

Можете ли да погодите кој македонски пејач е ова детенце? Денес има наследник што на сцена го прави истото што и тато (видео)

На македонската публика и е познат како пејач и автор, но веќе неколку години сè поактивен е и како композитор на театарска и филмска музика, но и како музички продуцент.

Љубовта кон музиката ја негува уште од мали нозе, вреојатно веќе погодувате дека овој шармантен мал господин од ретро фотографијата е Димитар Андоновски.

Телепортирање низ времето постои само во филмовите, но доколку во нашата фантазија сами го направиме тоа во даден момент, тогаш и ова е возможно, како што тоа минатата година му се случи на Димитар кога како да длачечната 1994 година на „Си-До“ се врати назад.

Различни беа улогите, и секако песната. Тогаш Диме пееше за „Ема“, а сега неговиот наследник Михаил пееше за првпат на сцената на познатото битолско детско фестивалче, а продолжи да пее и во училишните претстави.

Гордиот тато Диме, во знак на празникот Св. Архангел Михаил го честиташе именденот на синчето, па постави и нова снимка како Михаил пее на училиште, дополнувајќи ја онаа неговата од времето кога тој беше дете.

 

Семејството секогаш е на прво место, а тато најчесто пред компјутер и инструменти, па сите комплет му дојдоа на работа во домашното студио каде најчесто е позициониран.

-Кога празничниот дух ќе те најде дури и во студиото! Кога се заборавам во музиката, фамилијата знае каде да ме најде.  Честит празник-Архангел Михаил, напиша тој за семејната празнична фотографија.

Чувството неописливо убаво, ежење и топење од љубов што може родител да ја чувствува, особено пак кога детето оди по неговите стапки и покажува слични или исти афинитети.

Дали и Михаил ќе продолжи да ја сака музиката и пеењето, останува времето да покаже колку се силни гените од тато и дека тука ќе важи она „крушата под круша паѓа“.

Инаку, освен Михаил, Димитар со сопругата Христина го имаат и синот Гаврил, кој во јануари од Новата година ќе полни три години.

фото:Instagram printscreen/ dimitarandon/You Tube/sidobt

To top