Гога Секулиќ никогаш не криела колку сака патувања и одмори, но оваа година изгледа дека ужива во секој дел од тоа.
Пејачката ги спакувала куферите и по завршувањето на обврските заминала на црногорското приморје.
Сега на социјалните мрежи откри како ги поминува овие сончеви денови, а нејзините бујни гради беа во преден план.
Пејачката прошета во костим за капење кој има шлиц до папокот и се огласи на својата приказна на Инстаграм.
Нејзината влажна коса од морето ги криеше градите, а Гога гордо чекореше по патеката.
Да потсетиме, пејачката неодамна беше во јавноста поради гласините дека по разводот на кошаркарот Никола Пековиќ таа е новата девојка, што брзо го демантираше.
– Јас лично го купив часовникот што го носам, ако сте толку заинтересирани! Што се однесува до кошаркарската приказна, таа се уште е на суд. Поздрав – изјави Секулиќ.
фото: printskrin/instagram/sekulicgoga