Сестрата на Александра Младеновиќ вчера роди машко бебе, а пејачката веднаш се пофали дека станала тетка.
Пејачката објави фотографија од својата сестра и зет на социјалната мрежа Инстаграм и јавно им честиташе.
„Станав тетка, нека ни е живо и здраво бебето. Горда сум на тебе, моја лавица“, се пофали гордата Александра, и означи дека има внук.

Нејзината сестра Андријана го кажа своето судбоносно „да“ на својот избраник минатиот септември. Таа блескаше во бајковита венчаница, додека пејачката избра долг фустан со реси и кристали.
Александра го прослави својот роденден пред неколку дена, и иако не планирала прослава, нејзините пријатели ја изненадија и ја однесоа во ресторан.
– Претходно работев многу и не планирав да славам, а потоа пријателите ме однесоа во ресторан и се забавувавме убаво – се огласи тогаш Александра.
foto: printscreen/Instagram/aleksandra_mladenovic_







