Младата пејачка Анѓела Игњатовиќ Бресквица е многу страствен обожавател на брзи и скапи автомобили, а сега проговори и откри дека наишла на проблем. Имено, Бресквица сподели со своите следбеници на Инстаграм ситуација што ја вознемири.
Бресквица сакала да влезе во автомобилот, а кога виде што има внатре, веднаш истрчала надвор.
– Наградно прашање, колку долго стоев на средина од патот молејќи се некој да ме спаси или сама да излезам? – напиша Бресквица.

Она што особено ја исплаши беше бубачката што седеше на контролната табла на автомобилот, од која очигледно многу се плаши.
Инаку, пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица им се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи со подарокот што го доби од нејзиното момче Никола Станисављевиќ. Бресквица сподели фотографија од автомобилот што го доби од нејзиното момче на својот Инстаграм профил, а потоа откри дека оваа „бесна машина“ била нејзин сон со години.
Foto: Instagram/breskvicaaa







